Земјоделците ќе можат да аплицираат за субвенции до 20 октомври, наместо до крајот на месецов. Владата го продолжи рокот за доставување на апликациите на барање на производителите, кои поради активната сезона на полјоделски работи немале доволно време да ја подготват документацијата. Ова барање на земјоделците произлезе од интегрирањето на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат. Предложениот рок за поднесување на барањата, како што истакна тој, ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување барања. Во овој период се намалува интензитетот на полјоделски работи и земјоделците ќе бидат фокусирани да ги обезбедат документите за да ги добијат субвенциите кои ги имаат заслужено.
Земјоделците ќе можат да аплицираат за субвенции до 20 октомври, наместо до крајот на месецов.
Владата го продолжи рокот за доставување на апликациите на барање на производителите, кои поради активната сезона на полјоделски работи немале доволно време да ја подготват документацијата.
„Ова барање на земјоделците произлезе од интегрирањето на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат“, информираше вчера владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Предложениот рок за поднесување на барањата, како што истакна тој, ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување барања.
„Во овој период се намалува интензитетот на полјоделски работи и земјоделците ќе бидат фокусирани да ги обезбедат документите за да ги добијат субвенциите кои ги имаат заслужено“, истакна Ѓорѓиев.